Големи воени вежби на НАТО сојузниците во Македонија: Пристигнуваат и најмоќните американски бомбардери?

Точка

24/04/2019

17:27

4.792

Големина на фонт

а а а

Како што пренесува „Спутник“, во Македонија ќе од 20-ти мај до 15-ти јуни ќе бидат одржани големи воени вежби на македонската армија заедно со своите НАТО сојузници.

„Спутник“ тврди дека во маневрите во земјава ќе учествуваат и американските бомбардери „Б-1Б“. Според споменатиот медиум, воената вежба „Одлучен удар 2019“ е дел од големиот маневар „Заштитничка сабја“ кој го организира и финансира Командата на американските сили во Европа, на која ќе учествуваат дури 27 илјади војници.

НАТО Алијансата, покрај воени вежби во нашата држава, планира да одржи и на териториите на Унгарија, Романија и Бугарија. На вежбите кои ќе се одржуваат на Криволак ќе учествуваат 2 илјади македонски војници и исто толку американски војници, а ќе присуствуваат и војници од нашите сојузници – Црна Гора, Бугарија, Албанија и Литванија.


Иако засега не се познати повеќе детали, „Спутник“ пренесува дека на воените вежби ќе учествуваат и моќните американски бомбардери „Б-1Б“ кои ќе го надлетуваат македонското небо.

Воениот аналитичар Александар Рабиќ за српски „Спутник“, сосема очекувано, упати критики за воените вежби кои ќе се одржуваат во државава, но исто така нагласи и дека Американците со големата активност во Македонија, ќе се обидат да испратат порака до нашата земја дека се раѓа цврсто сојузништво на АРМ со НАТО и Соединетите Американски Држави.

Според него, интересен е фактот што во Македонија ќе пристигнат бомбардерите „Б-1Б“ кои беа користени во воздушните напади на Југославија во 1999-та година и смета дека тоа е јасна порака до Србија.

„Појавата на двата авиони претставува силна политичка порака за американската доминација на овој простор. Бомбардерите најверојатно ќе долетаат од воената база во Велика Британија каде што имаат логистика, а таму пак ќе пристигнат од својата база во САД. Тие ќе навлезат во воздушниот простор на Македонија каде што ќе фрлаат бомби, а тоа ќе предизвика силни реакции во Србија“, смета Радиќ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг