Набљудувачите кои го чекале лидерот на Северна Кореја, виделе необична сцена на станицата во Владивосток.
Додека возот уште пристигнувал на станицата, телохранителите на Ким Јонг Ун истрчале надвор и почнале да ги полираат вагоните.
Во црни деловни одела и бели ракавици, мажите биле снимени како трчаат покрај возот и ги бришат прозорците и вратите на оклопниот воз со кој Ким пристигнал на својот прв состанок со рускиот претседател, Владимир Путин.