Сите ги интересира која е новата прва дама на Украина: 16 години е во брак со Зеленски, а еве како реагирала кога слушнала дека актерот сака да се кандидира

Точка

24/04/2019

14:21

4.554

Големина на фонт

а а а

По убедливата победа на Владимир Зеленски на претседателските избори во Украина, пораснал интересот и за неговата сопруга, Јелена Зеленска, со која е во брак од 2003-та година.

Иако со Зеленски одела во исто училиште, тогаш не го познавала. Завршила Гредежен факултет во Крив Рог, каде го запознала својот иден сопруг, но никогаш не работела по струка. 

Новата прва дама на Украина работи во студиото "Квартал 95", чиј сопственик е самиот Зеленски, а според даночната пријава, на Јелена и припаѓа 0,1 процент од компанијата. Освен тоа, според истите податоци, на Зеленски му припаѓаат и 25 проценти од компанија за преработка и конзервирање на риба.

Зеленска на почетокот "отворено и агресивно" се противела нејзиниот сопруг да се кандидира за претседател на земјата. Меѓутоа, кога сфатила дека тоа е негова цврста одлука, одлучила да ја поддржи.

Сметале дека тоа не е "проект", туку друга насока во животот. Сепак, Зеленска на крајот се помирила со тоа дека нејзиниот сопруг влегува во предизборна трка, кога сфатила дека тоа е негов избор.

Владимир и Јелена Зеленски имаат две деца - 14-годишната Александра и 5-годишниот Кирил, а претседателот на Украина за својата сопруга вели дека негов вистински пријател.

Пред вториот круг претседателски избори во Украина, Зеленска зборувала за можната улога на првата дама во Украина. Пред дебата на Зеленски и Порошенко на 19-ти април, на прашањето дали некоја прва дама ќе и биде пример, таа рекла дека кога станува збор за имиџот, не се обидува да следи ничиј стил ниту пак некого да копира.

"Секако дека погледнав неколку фотографии за да разберам некои протоколарни нијанси, но ништо повеќе од тоа", рекла Зеленска.