Овој неверојатен имот кој се простира на 14 хектари, чиј сопственик беше актерот Еди Марфи, повторно е на пазарот со цена од 48 милиони долари.
Пред две години, овој имот за кој многу се зборуваше, а кој се наоѓа во близина на познатиот кањон во Лос Анџелес, Бенедикт, на неколку минути од Родео Драјв и Беверли Хилс хотелот, бил достапен за продажба по цена од 85 милиони долари.
Минатото лето, цената паднала на 68 милиони, а оцаа недела се појави ново „намалување“ и сега чини 48 милиони долари.
Во 70-те години, поп-ѕвездата Шер го поседувала овој имот, кој зафаќал само четири хектари. Таа во вилата живеела околу десет години, пред да му ја продаде на Еди Марфи, во 1988-ма година, по цена од 5.9 милиони долари.
Комичарот потоа го продал имотот во 1995-та година, по цена од само 4 милиони долари. Кратко потоа, имотот повторно го променил сопственикот и во 1996-та година бил купен по цена од 6.4 милиони долари, од страна на градежниот могул Раул Ватерс.
Тој потоа ги купил и околните четири парцели, зголемувајќи ја површината на неговиот имот до неговата сегашна големина од околу 14 хектари. Исто така, Валтерс ја проширил и главната вила со шест спални соби, па таа сега мери повеќе од 2.000 метри квадратни, а додадена е и голема гостинска куќа, со базен, спуштен тениски терен и станбен простор за вработените.
Кога Волтерс починал во 2009-та година, неговата сопруга продолжила да живее на овој имот сè до 2015-та година, кога си купила врвен пентхаус во овој град, каде соседи ѝ биле Метју Пери, Пол Абдул и Кенди Спелинг. Оттогаш, славниот имот е празен.
Сепак, многу агенти за недвижнина кои повеќе од сè сакаат да го продадат имотот, тврдат дека тој е навистина посебен. Вкупно, имотот нуди 11 спални соби, 17 купатила и 3.200 квадрати станбен простор.