Експлодираше бомба во Драчево: Оштетени автомобили и куќи, жителите потресени и во страв

Нетпрес

23/04/2019

16:15

5.471

Големина на фонт

а а а

Утрово околу 04.13 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица „Партизански пат“ во населба Драчево, во дворот од куќата на Н.И.(25), непознато лице фрлило експлозивна направа и биле оштетени патнички возила „Ауди“, „Рено Клио“ и „Голф 3“, а биле оштетени и прозорци од куќата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.

Читател за КУРИР до редакцијата испратил порака во која вели дека по немилиот настан жителите се потресени.

Бомба кашикара беше фрлена утрово околу 4 часот во Драчево. Сите во околината се потресени и има оштени возила и шрапнели по цели куќи. Уште колку бомби кашикари треба да очекуваме оваа година, почнавме да живееме во страв, вели нашиот читател.



Спонзорирани линкови

Маркетинг