Нова победа на Путин: Сенаторот на САД открил дека Американците повлекуваат оружје од големата база на НАТО

Точка

23/04/2019

21:25

7.117

Големина на фонт

а а а

Американскиот сенатор-демократ Боб Менендез, не ја отфрлил можноста САД да го префрлат оружјето од турската база Инџирлик во Грција ако односите со Анкара се влошат.

Не очекуваме Турција да тргне по погрешен пат. Но, ако тоа се случи, ние ќе направиме се што можеме да ја заштитиме нашата национална безбедност и безбедноста на нашите сојузници, рекол сенаторот за грчкиот весник "Катимерини". 

"Ние сме посветени на ова во склад со членот 5 на НАТО, и ги исполнуваме своите обврски. Ќе направиме се што е потребно, вклучувајќи и преместување на базата и силите таму каде што е потребно и каде ни нудат можност од пријателските земји. Се надеваме дека ќе дојде до тоа. Турција мора да одлучи за својот курс и што е во нејзин интерес", рекол Менендез.

Тој исто така рекол дека ако Турција купи руски системи С-400, дека ќе и бидат воведени санкции. Некои грчки политичари соопштиле дека САД би можеле да користат објекти во Грција за складирање на нуклеарно оружје, кое сега се наоѓа во Инџирлик. Грчката влада оваа вест ја демантирала. И покрај демантот, прашањето за преместување на нуклеарното оружје во Грција константно се поставува во медиумите.

Менендез се наоѓа во Атина, каде денес ќе биде примен од претседателот на Грција, Прокопос Павлопулос. Претходно американскиот сенатор го посетил Кипар, каде со него се состанал претседателот Никос Анастасиадис. Менендез пред неколку дена, заедно со републиканскиот сенатор Марк Рубио, пред Конгресот го претставил "Законот за безбедност и енергетска соработка во источниот Медитеран", кој ја менува американската стратегија во регионот и обезбедување зајакнување на односите го Грција и Кипар.

Во едно интервју, американскиот сенатор ја нарекол Русија "непријателски фактор", повторувајќи цела низа обвиненија против Москва, вклучувајќи го наводното мешање во американските избори. Што се однесува до Кина, Менендез рекол дека кинеската иницијатива "Еден појас - еден пат" не е облик за економска соработка, туку "обид за манипулација".



Спонзорирани линкови

Маркетинг