Единствена Македонија: Граѓаните се победници во првиот круг со слабата излезност на изборите

Макфакс

23/04/2019

12:40

1.365

Големина на фонт

а а а

Македонскиот народ и поголем дел од граѓаните на Република Македонија се победници во првиот круг на претседателските избори со слабата излезност на изборите, соопшти Единствена Македонија.

Според партијата, и покрај големиот поткуп, ветувања за вработувања и организираното носење по списоци на гласањето од страна на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, народот покажа дека не се плаши од заканите и притисоците и дека државниот интерес го става над личниот интерес.

,,Народот покажа дека сака македонски кандидати за одбрана на националните и државните интереси, а не кандидати на странците за уништување на Македонија и Македонците и затоа во првиот круг имаше слаба излезност и бојкот на изборите”, се вели во соопштението.



Спонзорирани линкови

Маркетинг