Три најлоши појадоци што некогаш можете да ги имате

Fashionel.mk

23/04/2019

12:11

987

Големина на фонт

а а а

Велат дека појадокот треба да е најздравиот оброк, бидејќи со него го будиме организмот и се подготвуваме за денот што е пред нас.

Но, не секогаш истото го практикуваме. Во продолжение ќе прочитате кои се трите најлоши појадоци што некогаш можеме да ги имаме, а уште полошо што многу често ги практикуваме.

1. Пекарски производи 

Ова е најчест и прв избор на многумина. Крофни, ѓевреци, бурек и други производи од тесто ни се вкусни, но се исто така полни со големо количество адитиви, сол и шеќери, па не се добра комбинација за почеток на денот. Солените пецива ја задржуваат водата во организмот, како што е лиснатото тесто, а со тоа тешко се вари и е сиромашно со нутритивни вредности. Ако сакате наутро да појадувате пециво, нека е направено од житарици (може и со семки во него), а јадете го со млечен намаз, или путер и мармалад. 


2. Овошни сокови и јогурти 

Иако на нив пишува дека се природни, вистината е дека се преполни со шеќери и адитиви. Ваквиот напиток ќе ви даде енергија инстатно, но истата бргу ќе ја снема. Вештачките сокови немаат ниту голема нутритивна вредност. Истото важи и за овошните јогурти, со кои само се залажувате дека имате полесен и поздрав оброк. Наместо тоа, одбрете овошје кое е богато со влакна. Направете природен сок, а можете да додадете и житарки. Во случајот со овошниот јогурт, одберете незасладен пробиотик во комбинација со парче двопек и мармалад. 


3. “Ѕидарски“ појадок 

Оние повозрасните точно знаат на што мислиме - појадок со јајца, бел леб, салама или месен одрезок, во комбинација со мајонез или други слични додатоци. Освен ако не работите тешка физичка работа, ваквиот појадок сосема не му е потребен на вашето тело, кое многу тешко и многу долго ќе го вари. Големи количества нездрави маснотии ќе завршат во облик на масни ткива, па организмот нема да добие многу витамини, минерали и влакна кои му се и тоа како потребни. Ако сакате да јадете варени јајца, комбинирајте ги со двопек, чај и путер. 




Спонзорирани линкови

Маркетинг