Пожарникари од Лудбрег дошле да го изгасат пожарот па ги налутило она што ги дочекало

Точка

22/04/2019

18:14

6.177

Големина на фонт

а а а

Пожарникарите од Лудбрег имале пожарна интервенција која уште долго ќе ја паметат.

Имено, од оперативниот центар во Вараждин добиле дојава за пожар во семејна куќа во населбата Селник, каде се упатиле со едно возило и шест пожарникари. Кога стигнале на местото на настанот, сопственикот на куќата останал зачуден, велејќи дека кај него не се случил никаков пожар.


„По доаѓањето на местото на интервенцијата после повикот, утврдивме дека нема потреба за интервенција од наша страна на споменатата локација, бидејќи сопственикот неодамна запалил печка на цврсти горива и поради притисокот на воздухот дошло до спуштање на димот“, раскажал еден пожарникар во објава на јавната Фејсбук група „DVD Ludbreg“.


Исто така, од објавата може да се заклучи дека наводно станувало збор за лажна дојава за која претпоставуваат дека е дело на некој од соседите, па пожарникарите биле принудени да ги предупредат граѓаните да не си играат со сериозни работи.

„Овој пат ве замолуваме лошите меѓусоседски односи да не ги решавате преку вакви дојави, бидејќи во тој момент може некому навистина да му е потребна помош за спасување на нечиј имот или живот“, истакнал понатаму во објавата. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг