Бездомниците од Париз протестирале пред Нотр Дам: Најсиромашните до донаторите испратиле трогателна порака

Точка

22/04/2019

15:13

1.842

Големина на фонт

а а а

Париската полиција го надгледувала мирниот протест, но не интервенирала.

Неколку членови на Здружението на француските бездомници се собрале денес на протест пред изгорената катедрала Нотр Дам во Париз, барајќи најсиромашните Французи да не бидат заборавени, откако биле собрани повеќе од милијарда евра доброволни прилози за обнова на катедралата. 

Околу 50 луѓе од Здружението на француските бездомници носеле плакати со натписот "Милијарда за 24 часа".

Како што наведува "AP", тие извикувале пароли пратени до милијардерот Бернар Арно, кој минатата недела донирал 200 милиони евра.

Некои учесници на протестот извикувале: "На Нотр Дам му е потребен кров, и на нам ни е потребен кров".

Париската полиција го надгледувала мирниот протест, но не интервенирала.




Спонзорирани линкови

Маркетинг