Џентлменски потег на Јувентус: Упатија специјална порака до Џиџи Буфон откако ПСЖ ја обезбеди титулата во Франција

Дерби

22/04/2019

13:23

1.988

Големина на фонт

а а а

Екипата на Пари Сен Жермен вчера ја обезбеди титулата во Лига 1, шеста во последните седум години.

Вчерашната титула е прва во кариерата за легендарниот голман, Џиџи Буфон кој одигра 14 натпревари во лигашката конкуренција за тимот на ПСЖ.

Честитки за Буфон стигнаа и од неговиот поранешен клуб, Јувентус каде голманот има статус на икона. „Бјанконерите“ преку својот официјален Твитер профил упатија искрени честитки до нивниот поранешен капитен.

– Голем аплауз за Џиџи Буфон, шампионот со ПСЖ!, -напишаа од Јувентус, а веднаш со коментар се јавија и од таборот на францускиот тим.

– Исто така голем аплауз за вас и вашиот женски тим кои го освоија Скудетото оваа недела.



Спонзорирани линкови

Маркетинг