Познати песни чие значење не е онакво какво што сме мислеле дека е

Точка

22/04/2019

13:08

2.360

Големина на фонт

а а а

Изјавата на Џејмс Блант нè натера да размислиме, и сите се замислија за своите омилени песни и нивните текстови, дали нивното значење е баш такво какво што тие го сфатиле?

За својата песна „You're beautiful“ тој конечно кажа дека не е нежна и романтична шесна и ништо повеќе од тоа, туку дека таа е песна која зборува за наркоман кој се наоѓа во подземјето и таму се случува се она што песната „го зборува“ понатаму. Ова е само една од песните чие што значење не го знаеме во целост, па затоа сега го откриваме.

The Beatles- Lucy in the Sky with Diamonds

Погледнете го насловот убаво, по него, и самиот текст на песната сите ќе помислат, и понатаму така мислат, дека оваа песна зборува за дрогите, конкретно за LSD и халуцинациите кои ги предизвикува. Меѓутоа, ова не е еден од тие текстови кој се занимава со тоа, туку нешто сосема поразлично. Како што еднаш изјави Џон Ленон, оваа песна ја опишува сликата која што неговиот син ја насликал и на која што неговата другарка Луси е ставена во контекст на небо со дијаманти.

Madonna- Like a Virgin

Иако овој голем хит на Мадона од 1984-та година често се носи во врска со неговото буквално значење, тоа навистина не е така. Уште многу одамна човекот кој го има напишано текстот за оваа песна, Бил Стајнберг, раскажал дека овој текст е за некоја негова голема љубов, и кој го напишал во некој момент кога се чувствувал како сето тоа да му се случува за првпат во животот, како никогаш да не бил заљубен до сега, па затоа ја споредил со девица.

The Rolling Stones- Brown Sugar

Всушност, значењето на самиот текст од оваа песна е јасно и очигледно. Меѓутоа, Џегер, еднаш изјавил дека ваква песна никогаш повеќе не би направил и никогаш не би напишал, затоа што премногу е сурово да се пее за такви работи на таков начин.

Johnny Cash- You Are my Sunshine

Иако многумина оваа песна ја доживеаа како „детска“, односно посветена за децата и нивните родители, всушност ова е песна за губитоците, затоа што се спомнува личност која пати заради другата страна која повеќе не ја сака и нема убави емоции кон неа, која на крајот ја прави песната емотивна.



Спонзорирани линкови

Маркетинг