Младиот Фоден донесе радост на „Итихад“, Сити повторно е на врвот во Премиер лигата

Дерби

20/04/2019

18:06

1.346

Големина на фонт

а а а

Екипата на Манчестер Сити излезе како победник од дербито со Тотенхем на денешната средба во Премиер лигата.

По драмата во Лигата на шампионите во која „граѓаните“ останаа со куси ракави и покрај славјето од 4-3, денеска четата на Пеп Гвардиола го победи истиот противник со 1-0, меѓутоа овој триумф и тоа како има огромно значање во битката за пехарот во елитната англиска конкуренција.

Клучниот момент се дуелот на „Итихад“ се случи во 5. минута кога младиот Фоден на асистенција Агуеро ја затресе мрежата на составот од Лондон. На двете страни потоа имаше дискутабилни ситуации за кои судијата Оливер не се огласи и не досуди пенали, а исто така вредно да се напомене е дека Де Брујн се повреди и мораше да го напушти дуелот во првото полувреме.

Сити сега има 86 бода, еден повеќе од Ливерпул.



Спонзорирани линкови

Маркетинг