Протекуваат нови информации за почетокот на пожарот во Нотр Дам, има два големи проблеми

Точка

20/04/2019

16:27

6.581

Големина на фонт

а а а

Француската полиција и инспекторите уште не знаат како точно дошло до пожарот кој во понеделникот навечер ја уништил катедралата Нотр Дам во Париз.

Но, по прегледаните снимки од безбедносните камери, како и аматерските снимки на случајните минувачи, инспекторите веруваат дека пожарот започнал на централниот дел на кровот, пишува CNN. 

Два големи проблеми

Полициски извори за CNN исто така рекле дека инспекторите се фокусираат на два проблеми кои се однесуваат на почетокот на пожарот. Имено, како што изгледа, можно е да постоел проблем со сензорите за пожар.

Вториот дел од истрагата, откриле инспекторите, се води според крановите кои се направени за работниците. Но, не дале повеќе детали за ова.

Пожарот, потсетуваме, бил забележан во 18:43. Тогаш пламенот бил веќе три метри висок. Првиот аларм се огласил во 18:15 часот. Тогаш никој уште не видел ништо.

Исто така, како што се пишувало претходно, инспекторите сега веруваат дека до пожарот можеби довел краток спој од електричните инсталации. Тоа пред два дена го изјавил француски службеник кој сакал да остане анонимен, а за кој француските медиуми пишуваат дека е близок до истрагата.

Додал дека сето тоа треба да се докаже, бидејќи инспекторите уште немаат дозвола да извршат опширна истрага во катедралата.

Катедралата горела со часови, но конструкцијата издржала.

Потсетуваме, познатата катедрала и еден од симболите на Париз се запалила во понеделник попладне, а гасењето траело цела вечер. Штетата е огромна, но конструкцијата на катедралата сепак издржала, а истата ќе може да се обнови.




Спонзорирани линкови

Маркетинг