Исландскиот актер Хафор „Тор“ Бјорнсон, познат по улогата во „The Mountain“ во сријата „Игра на тронови“, ја носи титулата на најсилниот човек во Европа, но кога ќе застане покрај Холанѓанецот Оливер Ричтерс, Тор изгледа како трошка.
Ричтерс е висок 218 сантиметри и ја носи титулата за највисок бодибилдер на светот. Тој со висината почнал да се издвојува од останатите уште на почетокот на пубертетот. „Се чувствував како Шиљо, толку висок, слаб, изгледав како костур. Поради тоа бев повлечен и срамежлив“, раскажал Ричтерс за „Yahoo“.
„Јадев сè што ќе најдев. На почетокот само се дебелеев. Немав поим за исхраната, ниту што му е потребно на моето тело за да се зголеми. Откако првпат во животот отидов во теретана, се поправив 20 килограми за 2 години. Третата година веќе не добивав на килажа. Телото се навикнува на таа промена, па мора некако да го шокираш за да се промени“, тврди тој.
„Следев некои други бодибилдери преку интернет и собрав некои информации од нив. Во следните пет години успеав да добијам уште 50 килограми. Моментално имам 150 килограми и со тоа сум задоволен, но кога ќе се погледнам во огледало, гледам уште многу работи кои би требало да ги променам“, додава тој.
Вели дека дневно јаде шест оброци, вкупно 6400 калории, од кои 450 се протеини.
Исто како Тор, и Оливер се „фрлил“ во филмските води. Добил улога во блокбастерот „Kingsman: The Great Game“, кој ќе излезе следната година во февруари. „Плачев кога слушнав дека сум ја добил улогата“, рекол за „Good Morning Britain“.
На Инстаграм го следат повеќе од 180.000 луѓе, а потпишан е како „thedutchgiant“.