Се сеќавате на таткото и ќерката кои ги барал целиот свет: Си играле пред Нотр Дам кога избил пожарот, сега се пронајдени, а нивната фотографија ќе влезе во историјата

Точка

18/04/2019

20:27

8.246

Големина на фонт

а а а

Туристката од САД, Брук Виндзор, успеала да ги пронајде таткото и ќерката кои ги фотографирала пред Нотр Дам, само еден час пред да избие пожарот.

Таа ги фотографирала двајцата пред славната катедрала, а потоа ги замолила сите на социјалните мрежи да и помогнат да ги најде таткото и ќерката, бидејќи сакала фотографијата да им ја даде како спомен. 

Како што пренесува "BBC", Брук успеала да ги пронајде, а со тоа се пофалила и на Твитер.

"Потрагата е завршена, фотографијата дојде до нив", навела таа.

Семејството не сакало нивниот идентитет да биде објавен, но и се заблагодариле на фотографката за убавиот гест.

##https://twitter.com/stephen_oyetoro/status/1118882626004107265##

"Ви благодарам за таа прекрасна фотографија, ќе пронајдеме посебно место за неа", напишале во пораката.

Како што сметаат многумина, фотографијата на Брук Виндзор веројатно би можела да биде историска бидејќи е направена во посебен момент. На тоа сведочи и фактот дека на социјалните мрежи собрала речиси половина милион лајкови, и дека е споделена 240.000 пати.