Пендаровски тврди дека не бил поканет на интервју, “Другата страна на политиката” ја објави поканата на Фејсбук

Точка

18/04/2019

16:18

4.067

Големина на фонт

а а а

Фејсбук страницата “Другата страна на политиката” објави кратко видео интервју од двајцата претседателски кандидати Гордана Силјановска Давкова и Блерим Река, во кое зборуваат за приватниот живот.

На Твитер, Давкова напиша дека Стево Пендаровски не прифатил и се запрашала зошто, а тој веднаш објаснил дека не бил поканет: 

“Не е точно дека сум добил покана за вакво снимање :) Но разбирам ако Силјановска сакала да си сними сама видео со Река. Она што е сепак загрижувачко е бегање од дебатата на Телма за која нема уште објаснување” , напиша Пендаровски на својот официјален профил на социјалната мрежа.

За таа цел, “Другата страна на политиката” објави демант и неколку фотографии на својот профил преку кои се гледа дека поканата до Стево Пендаровски е испратена, како што била испратена и до другите двајца претседателски кандидати.

“Уште еднаш сакаме да го истакнеме нашиот концепт надвор од класичната политичка кампања, односно нашиот неутрален пристап при претставувањето на другата страна на политиката. Во таа насока СЕ ОГРАДУВАМЕ од сите политички контексти и поврзување со политички субјекти.

Воедно, како одговор на одредени обвинувања на наша сметка, во прилог ги приложуваме поканите за интервју упатени до сите претседателски кандидати. На крајот истакнуваме дека и покрај се, ние сме отворени за соработка, а поканата за креативна средба со професорот Стево Пендаровски сеуште е отворена. 

КРЕАТИВНОСТ, НАУКА, УМЕТНОСТ, ФИЛОЗОФИЈА, КУЛТУРА. ТОА СЕ НАШИТЕ ВРЕДНОСТИ!”, пишува во демантот на Фејсбук страницата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг