Eдинствена Македонија: Учеството на војници од Албанија на вежба во Криволак за војување со Србија е тешка провокација

Макфакс

18/04/2019

13:04

1.693

Големина на фонт

а а а

„Марионетската влада на Зоран Заев на вчерашната владина седница донела одлука во рамките на воената вежба ‘Одлучен удар’ во Криволак, меѓу останатите војници на НАТО да има и војници од Република Албанија. Во заднина, оваа воена вежба на македонската армија со учество на војници и од Албанија всушност има за цел обука и подготовка за војување за интересите на Косово при евентуален судир меѓу Србија и Косово”, соопшти Единствена Македонија.

Според партијата, за жал, „Заев и министерката за одбрана Шеќеринска без никакви емоции всушност ги најавија првите жртви во војната со Русија оти на сите им е јасно дека при евенуалниот косовско-српски судир ќе следи замешување на Русија и НАТО”.

„Војниците во Армијата на Република Македонија да бидат спокојни. Новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа ќе ја спречи оваа налудничава идеја на марионетската власт во Скопје и нема да дозволи македонски војници во рамките на НАТО да гинат за туѓи цели и да војуваат за албанските интереси против Србија и Русија. Единствена Македонија ќе го оствари историскиот стратешки сојуз со Русија со што за навек се обезбедува опстанокот и просперитетот на македонскиот народ и македонската држава”, се вели во соопштението.



Спонзорирани линкови

Маркетинг