Катастрофата видлива и од Вселената: Првите сателитски снимки од Нотр Дам после пожарот

Точка

18/04/2019

10:42

4.861

Големина на фонт

а а а

Првата снимка на париската катедрала Нотр Дам после пожарот која е направена од космосот, објавена е на порталот на космичката програма „Коперник“ на Европаската унија, за надзор на Земјата.

„Нашите колеги од американската сателитска компанија за следење на Земјата 'Планет Лабс', која соработува со мисијата Коперник, направија нешто што го сметаме за прва јавна сателитска снимка на Нотр Дам после пожарот“, наведено е во соопштението.

Најголемиот пожар во историјата, во париската катедрала Нотр Дам, се случи во понеделникот.

Се распадна кулата на катедралата, а пламенот ја зафатил и првичната конструкција. Според соопштението на пожарникарите, конструкцијата на Нотр Дам и главните уметнички дела, како и реликвиите што се чувани во храмот, не се оштетени.

Според наводите на француските медиуми, пожарот би можел да биде поврзан со реставраторски работи во катедралата.


Државниот секретар при француското министерството за внатрешни работи, Лоран Нуњес, претходно соопштил дека стабилизирањето на ситуацијата во внатрешноста на самата катедрала ќе трае уште 48 часа, а после тој рок ќе мора да влезат експертите, за да продолжат со работа околу заштита на уметничките дела.

Обвинителството покренало истрага за настаните. Главниот обвинител сопштил дека пожарот во катедралата не е предизвикан намерно, а според прелиминарната верзија, станува збор за случаен настан. Помош за пожарот била понудела од бројни меѓународни организации и големи компаии.


Претседателот на Русија, Владимир Путин, изразил сочувство до францускиот претседател Емануел Макрон и француската нација, по повод трагичните последици од пожарот во катедралата Нотр Дам и на Франција ѝ ги понудил најдобрите руски експерти за обновување на светилиштето.




Спонзорирани линкови

Маркетинг