Приказна која ќе ве расплаче: Со години, секоја вечер седел под уличните светилки, а неговата приказна има среќен крај

Точка

16/04/2019

16:11

4.778

Големина на фонт

а а а

Снимката која прикажува едно 12-годишно момче кое пишува домашна задача на тротоарот, под уличните светилки, стана вирална откако полицијата на градот во кој тоа живее го поставила видеото на социјалните мрежи.

12-годишниот Виктор Мартин Ангуло Кордоба од местото Моче, Перу, станал планетарно познат откако во текот на проверката на сигурносните камери, полицијата забележала како седи сам на тротоарот сред ноќ. Како што навеле, тој најпрвин им бил сомнителен, но кога го зумирале видеото, забележале како чита и запишува нешто во својата тетратка. 

Набрзо откако снимката се појавила на Фејсбук, бројот на прегледи стигнал до пет милиони, а она што растажило многумина е неговата преданост, но и приказната поради која Виктор седи на тротоарот секоја вечер.

Имено, детето набрзо го пронашле претставници на локалните медиуми, а она што сите ги интересирало е зошто тој ја пишува својата домашна задача надвор наместо тоа да го прави дома. Неговата мајка, Роза Ангуло Кордоба, во интервју навела дека тие се сиромашни и немаат пари да воведат електрична енергија во својот дом, поради што за осветлување користат само свеќи.

Како што изјавила Роза, Виктор секојдневно ѝ помага во извршување на домашните обврски и се грижи за стоката, но се труди и да биде добро дете и училиштето го сфаќа многу сериозно, што дури и почнал да учи под уличните светилки бидејќи му било тешко да учи на свеќи.

Поради сето наведено, градоначалникот на Моче решил да воведе електрична енергија во домот на семејството, за малечкиот кој моментално е шесто одделение да не мора повеќе да седи надвор.

“Се надевам дека ќе можат да ми помогнат да имам светла во домот и да не морам да излегувам надвор да пишувам домашна задача. Би сакал да можам да му помогнам на моето семејство. Сакам да станам полицаец и да ја спречам корупцијата”, изјавило детето чие семејство е едно од оние кое се вбројуваат во пет отсто од градот Моче кои немаат средства да воведат електрична енергија во своите домови.



Спонзорирани линкови

Маркетинг