Гори катедралата Нотр Дам во Париз

Макфакс

15/04/2019

19:39

4.743

Големина на фонт

а а а

Голем пожар изби во катедралата Нотр Дам во Париз. Огнот може да се забележи на врвот на катедралата.

Во тек е гаснење на пожарот, а регионот околу објектот се евакуира. Засега не се познати повеќе информации.

Богородичната црква или Нотр Дам е готска катедрала која се смета за најубавиот пример за француската готска архитектура. Името „Нотр Дам“ на француски значи „Нашата Госпоѓа“ (Богородица или Дева Марија). Ова е една од најубавите готски катедрали во светот, градена низ целиот готски период. Скулптурите и витражите се одликуваат со големо влијание од натурализмот, за разлика од пораната романска архитектура.

##https://twitter.com/stephemcneal/status/1117839562271789056##

Изградбата започнала во 1163 г., за време на владеењето на кралот Луј VII. Изградбата на западната страна, со двете карактеристични кули, започнала околу 1200 година. За време на периодот на изградба, на проектот работеле многубројни архитекти, како што може да се види по различните стилови и висини на западниот дел и кулите. Помеѓу 1210 и 1220 г., се вклучил и четврт архитект кој го изградил нивото со розетен прозорец и големите сали под кулите. Кулите биле завршени околу 1245 година, а самата катедрала била завршена околу 1345 година.

##https://twitter.com/mncasasnovas/status/1117840763646173184##




Спонзорирани линкови

Маркетинг