Скопје блокирано, се одржува централниот митинг на Пендаровски

Макфакс

14/04/2019

16:57

3.475

Големина на фонт

а а а

Огромен број автобуси беа паркирани во Општина Кисела Вода пред Стара рампа, од каде што започуваше централниот митинг на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски, поддржан од СДСМ.

Се вееја македонски и европски знамиња, а стотици луѓе се истоварија од автобусите и тргнаа пред Црвениот ксрт, каде што беше поставена централната бина.

Централниот митинг го обезбедуваат стотици обезбедувачи, присутните носат маички во различни бои, на дел од нив пишува „Заедно“, а на другите „Напред“. На митингот се присутни голем број државни функционери, директори на јавни претпријатија и речиси сите министри од Владата, кои се исто облечени со различни бои на маички, со логото на Стево Пендаровски „Заедно Напред“. Викторија Лоба, Дарио,Александар Митевски, беа само дел од музичките ѕвезди кои ги забавуваа присутните.

„Сега чекориме на патот кон евроинтеграцијата и одиме заедно напред. Градиме едно општество за сите, во кое сите сме еднакви пред законите. Не барам поддршка само за да бидам претседател, туку да го поддржиме концептот на заедништво. Сето друго е споредна улица што не носи во провалија“ рече Пендаровски.

Тој истакна дека членството во НАТО и ЕУ не се далечни, но дека пред нас се се уште сериозни предизвици.

„Вашта правда е и моја правда, Вашата неправда е моја грижа“ им порача на присутните.

Во моментот кога ја спомена својата противкандидатка, професорката Гордана Сиљановска Давкова, при што ја нарече „кочничар“, која јавно ќе ја повлече државата назад, присутните на митингот почнаа гласно да ја исвиркуват.

Во моментов се обраќа премеирот Заев. Претходно се обрати вицепремиерот Бујар Османи, како и ракометарот Наумче Мојсовски.

Централните улици на Скопје со часови се затворени што наиде на остри реакции кај граѓаните.



Спонзорирани линкови

Маркетинг