Таткото на Асанж бара Џулијан да биде вратен во Австралија: Видов како го носат, не изгледаше добро! Тоа е шокантно

Точка

14/04/2019

13:51

3.260

Големина на фонт

а а а

Таткото на основачот на Вилиликс побарал денес од австралиската влада да го врати неговиот син во Австралија и рекол дека е шокиран од неговиот изглед при апсењето во четвртокот во Лондон.

Џон Шиптон е биолошки татко на Асанж, и бил секретар на партијата Викиликс кога неговиот син ја основал по повод изборите за сенатот во 2013-та. Медиумите јавуваат дека тој го посетувал својот син секој Божиќ во амбасадата на Еквадор во Лондон, каде Асанж се сокрил од 2012-та година. 

Шиптон во изјавата за мелбурншкиот весник "Sunday Herald Sun" рекол дека австралиското министерство за надворешни работи и премиерот треба нешто да направат.

"Тоа може да се реши едноставно на сечие задоволство. Имаше разговори меѓу еден сенатор и високо службеник на министерството за надворешни работи за екстрадиција на Асанж во Австралија", додал тој

Асанж во 2012-та година побарал азил во еквадорската амбасада во Лондон за да избегне да биде екстрадиран во Шведска поради обвиненија за сексуален напад.

Лондонската полиција во четвртокот го уапсила Асанж на основа на налог на САД за негова екстрадиција и поради кршење на условите за кауција во Велика Британија. Еквадор претходно му го одземал азилантскиот статус на Асанж, наведувајќи ги како причина неговите кршења на меѓународните конвенции и дневни протоколи

САД го бараат Асанж поради објавување на десетина илјади тајни владини документи преку Викиликс. Неговиот татко рекол дека бил шокиран кога видел како изгледа неговиот син кога полицајците го изнеле од еквадорската амбасада во Лондон.

"Видов како полицајците мораа да го носат по скалите. Не изгледаше добро. Јас имам 74 години и сум во подобра форма од него. Тоа е шокантно",рекол тој.




Спонзорирани линкови

Маркетинг