Мицкоски во Центар: Ветуваа алпски воздух, а реалноста е дека лажеа за пусти пари

Макфакс

11/04/2019

21:13

1.854

Големина на фонт

а а а

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска им се обрати на граѓаните од Центар.

Тој рече дека СДСМ повторно ќе се појават пред граѓаните во Центар, ќе се појават насекаде во Република Македонија и ќе го бараат гласот од граѓаните и повторно ќе се обидат да играат на онаа проверена карта, карта на кратко помнење, ќе се обидат со некоја шарена лага, ветувајќи им на граѓаните дека државата ќе оди напред со Заев и со Пендаровски, едниот со инспекторите под мишка, евро по евро во тробичката, украдени пари од граќаните, а другиот ќе им слугува на Заеви и ќе ги убедуваат граѓаните дека ги чека блескава иднина.

„Вчера го гледав обраќањето на Заев, така насмеан, распеан, свесен дека губи и единственото нешто што му преостанува да го утеши неговиот деспотски избран кандидат во скап и луксузен хотел во Скопје со една песна во ноќта во Тетово и претпоставувавм дека истата таа вечер позади бината, тие двајца, на оние луѓе собрани надвор им ветија да не им се појавуваат пред нивните очи, со нивните сурати, нормално доколку не гласаат за нив“, истакна Мицкоски.

Мицкоски рече дека од Центар ќе се обиде да ги потсети сите на лагите коишто ги кажувале изминатите години.

„И денеска бесрамно лажат, потпевнуваат на плоштадите, иако и они се свесни дека првиот голем чекор на граѓаните на Република Македонија ќе биде на 21 Април и на 5 Мај. Вториот голем чекор ќе биде после победата, на предвремените парламентарни избори, а третио голем чекор ќе биде формирање на влдата на Република Македонија која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“, објасни Мицкоски.

Претседателот Мицкоски потсети и на ветувањето на СДСМ дека ќе го рестартираат „Југохром“.

„На прес конференциии овој градскиот татко што требаше да биде, ни читаше пресконференции дајте ни ја довербата и ние ќе донесеме чист алпски воздух ќе почне да дува по ливадите, по улиците, по булеварите. Но, реалноста е дека тоа го ветуваа само за пусти пари и лажеа, скопјанци и центарци немале позагаден воздух никогаш во историјата“, истакна Мицкоски.

Тој постети и на некои други ветувања на СДСМ.

„Ветуваа гасификација, па на тој начин ќе го решеле затоплувањето во домовите, ќе пуштеле гас до секој еден дом, до секој еден граѓанин и ќе почнеле од Центар и главниот град. Зборуваа за економски раст од 5% , а од првиот ден до денеска дваипол пати е помал растот од тој што го ветуваа на македонската еконимија. Вчера Светската Банка ги потсети колку блескаат во Светот, осумдесет и осмо место сме заедно со Танзнија и Гвинеја. Ќе го реформирале даночниот систем во Република Македонија, да го реформираа, но наместо да одат даноците надолу тие, парите повеќе да бидат кај граѓаните, денеска даноците одат нагоре за 50 проценти од тоа што беше порано. Ветуваа нови работни места, ветуваа дека секој ќе добие шанса според квалитетот, ама денеска ако не сте некој седми братучед на Мира Дизел тешко дека ќе се вработите во државно. Ветуваа дека штом СДСМ ќе дојде на власт, Македонија ќе влезе во НАТО и ќе ги отпочне преговорите за ЕУ, без да го променат идентитетот, без да го променат тоашто прво го направија посегнаа по идентитетот. Се колнеа во жицата, во дедовината, во татковината, се колнеа во најмилото дека нема тоа да го направат туку они биле вешти политичари и само да падне режимот веднаш Македонија ќе биде примена во НАТО и ќе се отпочнат преговори со ЕУ“.

Претседателот Мицкоски од Центар порача дека ВМРО-ДПМНЕ е за мотивирана, за една поинаква Македонија и ја побара поддршката од сите граѓани на Република Македонија за престојните претседателски избори да гласаат за кандидатот за претседател професорката Гордана Силјановска Давкова.



Спонзорирани линкови

Маркетинг