Пендаровски: На студентите им нудам сигурна иднина

Макфакс

11/04/2019

17:16

1.047

Големина на фонт

а а а

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски денеска учествуваше на настан организиран од младите од Кочани насловен „Заедно напред, заедно до целта“.

Тој истакна дека особено радува тоа што на сите средби што ги реализирал повеќе од половина присутни се млади луѓе.

„Со забрзани чекори државата оди кон Европа, добивме покана за членство во најголемиот сојуз и очекуваме тоа да финишира до крајот на годината, со што ќе станеме полноправна членка на НАТО. До јуни, доколку продолжиме со реформското темпо, ќе добиеме датум за почеток на преговорите со ЕУ. Со ова се отвораат огромни можности за младите, стануваат достапни претпристапните фондови, а тоа значи и многу поголема мобилност на студентската популација. Тоа ќе придонесе за стекнување нови искуства, ќе доаѓате многу побрзо и полесно до европските образовни фондови. Се учи на вредностите кои се доминантни. Полесно ќе можете од прва рака да ги видите тие вредности. Заедно напред, заедно до целта, до Европа и подобра иднина за младите“, рече Пендаровски.



Спонзорирани линкови

Маркетинг