Британската полиција и Хоум офисот потврдија: Асанж е уапсен по барањето за екстрадиција од САД

Макфакс

11/04/2019

15:57

1.047

Големина на фонт

а а а

Скотланд јард потврди дека Асанж бил уапсен по добивањето барање за негова екстрадиција од САД, пренесува „Гардијан“ .

Во соопштението од полицијата се вели:

„Џулијан Асанж, денеска, четврток, 11 април, беше уапсен по барање на властите на САД по неговото доаѓање во централната лондонска полициска станица. Ова е барање за екстрадиција според Дел 73 од Законот за екстрадицијата. Тој ќе биде изведен пред судот во Вестминстер што е можно побргу“.

Британскиот Хоум офис го потврди барањето на екстрадиција на Асанж во САД поради наводен компјутерски криминал. Портпарол на Хоум офисот рече:

„Можеме да потврдиме дека Џулијан Асанж е уапсен во врска со барањето за екстрадиција од САД. Тој е обвинет за компјутерски криминал во САД“.

САД побараа екстрадиција на Асанж веднаш кога тој беше уапсен во Амбасадата на Еквадор во Лондон.

Од друга страна, во однос на можната екстрадиција на Асанж во САД, британскиот министер за Европа и за Америка, Алан Данкан, посочи дека Велика Британија не ги екстрадира луѓето во земји каде што би можеле да се соочат со смртна казна.

„Тоа е нашата широка политика во сите околности, така што еднакво важи и за Џулијан Асанж. Тој нема да биде екстрадиран ако се соочува со смртна казна“, изјави Данкан за „Скај њуз“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг