Мицкоски: Во Европа нема со амнестирани криминалци, со евро за Вицето и евро за црквата

Макфакс

09/04/2019

20:23

1.809

Големина на фонт

а а а

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ги посети населените места Центар Жупа и Ростуше.

Тој рече дека најголемиот проблем со кој се соочуваат граѓаните во овие населени места е токму иселувањето на луѓето, кои си заминуваат поради бесперспективноста.

Тој посочи дека тука не минуваат приказните на Зоран Заев и Стево Пендаровски за некаква си розова слика и реалност и европската иднина која цело време ја ветуваат, но никако не може да ја донесат.

„Во Европа со амнестирани криминалци нема, во Европа нема со криминални иновации, со евро за Вицето и евро за црквата“, вели тој.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека овие луѓе живеат жално секојдневие, а уште пожална е нивната иднина со Заев и СДСМ на власт.

Мицкоски истакна дека државата пропаѓа и се уназадува на секое поле, младите масовно се иселуваат, а на овие црнила мора да им се стави крај.

„Затоа мора да се даде надеж, да се донесе правда, да се победи стравот и да се верува дека Македонија ќе успее. А ние заедно ќе го оствариме тоа“, потенцираше тој.



Спонзорирани линкови

Маркетинг