Единствена Македонија: Никаква реакција од МВР за говорот на омраза на Сулејман Реџепи

Макфакс

09/04/2019

17:47

2.635

Големина на фонт

а а а

Единствена Македонија обвини дека и по два дена од скандалозното видео во кое поглаварот на Исламската верска заедница, Сулејман Реџепи го означува македонскиот народ како див и без идентитет, од страна на МВР целосен молк.

„Го потсетуваме министерот во МВР Оливер Спасовски дека секојдневно поднесува кривични пријави против Македонци за говор на омраза, а нема никаква реакција за скандалозниот говор на Сулејман Реџепи кој фрла тешки навреди спрема цел еден народ.

Припадници на албанското малцинство веќе на отворена сцена не фермаат Устав и закони и продолжуваат со опасни провокации, а МВР сето тоа само немо го посматра со што законите во државата важат само за Македонците, а не и за Албанците.

Македонскиот народ и поголем дел од граѓаните во новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа ја гледаат единствената надеж за заштита на националните интереси. Единствена Македонија кажува директно и јасно – ние сме во политиката да ги бркаме таквите од марионетската власт во Скопје неизбрани од македонскиот народ, Македонија е нашата татковина, Македонија е нашиот дом, затоа онака како што се бориме за нашите домови ќе се бориме и за Македонија во која законите ќе важат за сите!“ велат од партијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг