Том Холанд не го добил сценариото за “Avengers:Endgame” поради една интересна причина

Точка

09/04/2019

15:52

3.127

Големина на фонт

а а а

Том Холанд во универзумот на Марвел го носи костумот на Спајдермен, а надвор од снимањата често зборува за својот успех и филмот.

Всушност, тој го прави тоа толку често што веќе неколку пати случајно им оддал на фановите што ќе се случува во филмовите, па затоа овој пат не го добил сценариото за последното продолжение на “Avengers”. 

На премиерата на филмот “Avengers: Infinity War” се појави на сцената, изјавувајќи “Сепак сум жив!”, не знаејќи дека филмот сѐ уште не ни започнал и дека фановите не ја виделе сцената во која тој умира. 


Неговата репутација на оддавање на сцените и филмските случувања довеле до тоа продуцентите да го замолат актерот Бенедикт Камбербач да го следи на секое негово интервју за да спречи понатамошно оддавање на детали.

“Да, не му го дадовме сценариото. Том Холанд го доби она што треба да го научи, тоа е тоа. Тој дури не ни знае во кои сцени ќе се појави, ниту со кој. Користиме посебни методи за да му објасниме што отприлика ќе се случи во сцените за подобро да се спреми за филмот. Но не, не му го даваме сценариото за филмот бидејќи тој очигледно не знае да молчи”, насмеано изјавил Русо.