Не се ни обиде да го сокрие тоа - претседателот на Бразил сосема отворено: Работиме со Американците да ја срушиме власта во Венецуела

Точка

09/04/2019

15:21

2.414

Големина на фонт

а а а

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро воопшто не крие дека соработува со Американците за смена на режимот во Венецуела.

За време на вчерашното интервју, претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро порача дека тој и неговите американски сојузници се надеваат дека во Венецуела е возможен воен удар кој ќе биде поттикнат од надвор.

Болсонаро сугерираше дека заедно со Соединетите Американски Држави работат зад сцената на организација на воен бунт против венецуеланскиот претседател Николас Мадуро, кој ќе има за цел да го сруши од власта во Венецуела.


Пред неколку месеци, првиот опозиционер Хуан Гуаидо се прогласи за привремен претседател на државата и веднаш ја доби поддршката на САД, речиси сите јужноамерикански земји и голем број на влијателни европски земји. Сепак, тој не успеа целосно да ја превземе власта затоа што воениот врв и натаму е под контрола на Мадуро.

„Нашата и американската намера е да се направи раскол во венецуеланската армија, затоа што тие се тие кои што го поддржуваат Мадуро. Вооружените сили се тие кои што одлучуваат дали Венецуела ќе живее во демократија или диктатура“, порача Болсонаро.