Река во Теарце: Никој не може да ги присили Албанците да гласаат против својата волја

Макфакс

09/04/2019

10:14

902

Големина на фонт

а а а

Претседателскиот кандидат Блерим Река, ја продолжи својата кампања во Теарце, каде што беа присутни стотици граѓани. За време на митингот, претседателскиот кандидат, Река беше придружен и од страна на лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села и лидерот на движењето Беса, Билал Касами.

Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села за време на митингот рече дека е тешко да се зборува кога луѓето ги убедувале, дека се е очигледно во врска со оваа работа, кога станува збор за идниот претседател, Албанците гласаат за Албанец.

„Никогаш не сум рекол дека арнаутите гласаат за Македонците. Реков дека на сите Албанци на кои се уште крвта не им стана вода ќе гласаат за Блерим Река. Ние сме тука да им кажеме на сите Албанци дека ако другите партии, ги повикуваат нивните членови да гласаат за кандидатот Македонец, или како што се знае кандидатот на СДСМ, всушност се обидуваат да ги убедат Албанците да гласаат за некој кој не е Албанец“, истакна Села. 

Меѓу другото, лидерот на движењето Беса, Билал Касами истакна дека кога професорот Река одлучи да се кандидира, ние воопшто не се двоумевме за да му дадеме поддршка на неговата кандидатурата. 

„Професор Блерим Река нè направи горди затоа што имаме кандидат Албанец и ова е историскиа пресвртница. ВМРО, јавно рекоа дека не ги сакаат албанските гласови, а СДСМ вели ве сакаме. но како Македонци. Река ни даде можност да им кажеме не на овие неправди”, истакна Касами. 

Река продолжи со изразување благодарност за масовното присуство и дека се чувствува многу почитуван од жителите на Теарце. Заедно го започнавме ова патување и на 21-ви април ќе излеземе како победници. Албанската свест напредувала и денес никој не може да ги присили Албанците да гласаат против својата волја, рече Река.



Спонзорирани линкови

Маркетинг