Единствена Македонија: Иванов да ги помилува уставобранителите

Макфакс

08/04/2019

19:17

416

Големина на фонт

а а а

Иванов да ги помилува уставобранителите, порача партијата Единствена Македонија, говорејќи за осудените за настаните од 27-ми април.

„Иванов има и силна морална обврска да даде помилување оти при давањето на мандатот на Заев бараше гаранции токму за она за што сега се водат постапки против уставобранителите со што ја потврди општествената опасност за уставниот поредок. Единствена Македонија со барањето за помилување всушност го реафирмира својот став од 21 јануари 2018 кога побара од Иванов, Заев и Мицковски на лидерска средба да ја договорат формата за слобода на уставобранителите – преку претседателот со помилување или преку Собранието со амнестија за што поднесовме во Собранието и готов законски текст за амнестија кој остана закочен кај Талат Џафери само затоа што стоеше фуснота дека не го признаваме Џафери се до уставна оценка на одлуката за неговиот избор од страна на Уставниот суд“, велат од партијата.

Единствена Македонија додава дека Иванов барем на крајот на мандатот треба да се охрабри и да ги помилува уставобранителите кога веќе се уплашил да влезе во битка за одбрана на името преку механизмите на Обединетите нации каде ќе ја добиел подршката на Русија и Кина, со што, Единствена Македонија смета дека ќе се отворел патот за проблематизирање на усвоената промена на името во Обединетите нации.



Спонзорирани линкови

Маркетинг