Рускиот борбен тенк од најновата генерација Т-14, кој е направен врз база на универзалната гасенична платформа „Армата“ моментално важи за еден од најмоќните тенкови на светот.
“Indian Defence” пренесува дека во јавноста протекла информација околу најновата генерација на рускиот реактивен оклоп „Малахит“ кој е дел од стандардната опрема на борбениот тенк Т-14 „Армата“.
Станува збор за најново развиена, четврта генерација на динамичен тенковски оклоп кој е наследник на системот „Реликт“. Според индискиот медиум, станува збор за тип на реактивен оклоп кој е во состојба не само да им се спротистави на најмодерните против-тенковски ракети со тандем-кумулативни боеви глави, туку и на хиперсоничните проектили како што е американскиот М829А4.
Овој екстремно оклопен склоп е зајакнат со активни средства на заштита, како што е новата генерација на систем за активна оклопна заштита „Афганит“, која во лет може да пресретне огромен број на проектили кои се лансирани кон тенкот.
Токму Индија планира во блиска иднина да ги замени веќе застарените Т-72 тенкови. Наводно властите од Њу Делхи имаат во план во блиска иднина да набават дури 1,170 нови тенкови и Т-14 „Армата“ дефинитивно заедно со модерните западни тенкови ќе биде во потесниот избор.