Силјановска-Давкова: Не разговаравме за иднината на спомениците од Скопје 2014

Макфакс

06/04/2019

13:15

1.181

Големина на фонт

а а а

Кандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјаноцска Давкова, попладнево положи цвеќе во „Жена парк“ пред споменикот на децата бегалци од Егејска Македонија, заедно со претставници на здруженијата на бегалците од Егејска Македонија.

„Се срамам. Сите треба да се срамиме зашто се работи за една од најголемите, најтешките македонски трагедии. Со право велат овде присутните дека не се сигурни дали треба да говорат за бегалци или за прогонети“, рече кандидатката за претседател по полагањето на цвеќето.

„За жал оваа држава не најде сила и начин погласно да проговори за егејската Одисеја, за Македонците од егејскиот дел кои денеска се распослани по светот и повторно загрижени“, кажа Силјановска Давкова.

Таа појасни дека она што како претседател би можела за нив да го направи е да ги сослуша и да ги разбере.

Силјановска Давкова на прашање на „Макфакс“ дали со претседателот на Здруженито за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради, Ташко Јованов, кое донираше споменици од проектот „Скопје 2014“, разговарале за иднината на спомениците рече дека за таа тема не станало збор.

„Не сум разговарала за тоа, не можам да ви одговорам“, рече кандидатката за претседател.



Спонзорирани линкови

Маркетинг