Томас на младата девојка и давал пари и и плаќал кирија. Се запознале он-лајн пред неколку години.
Плејбој зајачицата Келси Тарнер (25) е уапсена поради сомнение дека го убила 71-годишниот Томас Бучард, за кого се зборува дека и бил спонзор.
Тој бил пронајден мртов во багажникот од својот автомобил во пустина кај Лас Вегас. Лежел речиси гол, а полицијата заклучила дека некој го убил со удари во глава. Навеле дека некој го тепал со тап предмет, додека тој безуспешно се обидувал да се одбрани.
Две седмици подоцна полицијата ја уапсила Плејбој зајачицата Келси Тарнер. Се сомневаат дека Томас бил нејзин спонзор.
Според пишувањето на медиумите, Томас на младата девојка и давал пари и и плаќал кирија. Се запознале он-лајн пред неколку години.
Џуди Еарп, долгогодишна партнерка на убиениот детски психијатар, вели дека Томас на девојката и уплатил околу 300.000 долари.
"Тој беше таков, им помагаше на луѓето. Не знам како ја запознал Тарнер", рекла таа.

Томас наеднаш престанал да и дава пари на Келси и и кажал дека повеќе нема да и плаќа кирија.
Но Томас девојката повторно ја посетил на почетокот на март и и платил кирија, по што исчезнал. Џуди Еарп се загрижила што Томас повеќе не се јавува. Се јавила во полиција. Веднаш ја осомничила младата Келси.

"Веднаш се посомневав дека таа го убила, можеби и помогнало нејзиното момче", вели Џуди.
Кога медиумите објавиле дека Томас е убиен, Тарнер го исклучила телефонот и исчезнала. Полицијата подоцна ја пронашла и на 8-ми април треба да излезе пред судија.
Келси Тарнер во 2017-та година за Плејбој рекла: "Јас сум импулсивна. Сакам емоции и забава".













