Демократскиот сојуз: Со посетата на Ципрас тргната е 30-годишната блокада на нашата држава

Макфакс

02/04/2019

16:42

1.253

Големина на фонт

а а а

Со посетата на Алексис Ципрас на Република Македонија, конечно, е тргната 30-годишната блокада на евро-атлантските процеси на Македонија и се отвораат перспективи, особено за младите генерации, велат од политичката партија Демократски сојуз.

„Цената што ја плативме со компромисот за преспанскиот договор е висока, но исчекорот напред кон НАТО и ЕУ е огромен. Оваа посета е со историска димензија. Нормализацијата на односите помеѓу Македонија и Грција е наш македонски стратешки и национален интерес“, стои во партиското соопштение.

Од партијата на Павле Трајанов додаваат и дека деблокадата од Грција и поддршката од многу држави, без сомнение е историски чин и, како што се вели, победа на граѓаните на Македонија против манипулативната, ретроградна и лажна националистичка политика.



Спонзорирани линкови

Маркетинг