Видео: Добредојде за Ципрас пред Владата

Макфакс

02/04/2019

10:55

2.852

Големина на фонт

а а а

Премиерот Зоран Заев заедно со владина делегација го пречека пред Владата грчкиот премиер Алексис Ципрас, кој што е во прва официјална посета на земјава. Двајцата премиери пријателски се поздравија, направија селфи и се фотографираа со новинарите, пред да започне официјалниот дел од посетата.

Церемонијата пред Владата се одржа ократко отколку што првично беше планирано, поради доцнењето на авионот со кој што на скопскиот аеродром пристигна Ципрас, заедно со голема бизнис делегација.

Во Владата во тек е тет-а-тет средбата меѓу двајцата премиери, по што ќе следува и заедничка седница на двете влади. Денеска е предвидено Ципрас да се сретне и со претседателот на Собрането, Талат Џафери, а доцна попладне е предвидено да се одржи и бизнис форум, на кој како што е најавено ќе пристуствуваа и 200 бизнисмени од Грција.



Спонзорирани линкови

Маркетинг