Американците стравуваат: Во Венецуела пристигнаа специјалци и експерти за сајбер безбедност!

Точка

27/03/2019

14:39

3.943

Големина на фонт

а а а

Американски висок функционер тврди дека со двата руски авиони кои неодамна слетаа на аеродромот во Каракас пристигнале руски специјалци, но и експерти за сајбер безбедност.

Неименуван висок функционер од американската влада, порача во разговор за британската новинска агенција „Ројтерс“ дека со руските воени авиони кои што минатиот викенд слетаа во Венецуела, пристигнале и специјални руски единици за „сајбер безбедност“.

Да потсетиме, Москва во текот на вчерашниот ден потврди дека во Венецуела пристигнале нивните сили, а според неофицијални податоци, транспортниот авион на руската воена авијација пренел околу 100 руски војници кои моментално се во Каракас.


Споменатиот американски функционер вели дека Соединетите Американски Држави се уште собираат информации за Русите кои што минатиот викенд пристигнале со двата руски авиони на аеродромот во Каракас.

Доколку навистина во Венецуела пристигнале руски експерти за сајбер безбедност, сето тоа би било логично со оглед на тоа што власта на Николас Мадуро веќе подолго време ги обвинува Американците за хакерски напади на електроцентралите поради кои земјата се соочува со недостаток на електрична енергија.

Минатиот декември исто така два руски бомбардери од долг домет „Ту-160“ слетаа во Каракас, а тоа веднаш предизвика вербална војна помеѓу Вашингтон и Москва. Покрај тоа, во Венецуела беа одржани и заеднички воени вежби на венецуеланската и руската армија.


Со најновиот потег, односно испраќањето на воени авиони во Венецуела минатиот викенд, Русија покажа дека ќе продолжи да го поддржува својот единствен сојузник во Јужна Америка, па тоа предизвика вознемиреност во Вашингтон.

Поради тоа, се огласи и советникот за национална безбедност на САД, Џон Болтон кој порача дека САД „нема да дозволи непријателско мешање во западната хемисфера“ и порача дека Американците исто така бена да дозволат „надворешно мешање во нивните заеднички цели како што се демократијата, безбедноста и владеењето на правото“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг