Пристигнувањето на руските војници во Венецуела шири паника во Вашингтон: Остра закана на Џон Болтон

Точка

26/03/2019

15:57

2.794

Големина на фонт

а а а

Откако два руски авиони слетаа на аеродромот во Каракас, тензиите на релација САД – Венецуела уште повеќе се зголемија.

Веста за пристигнувањето на руските авиони и војници во Венецуела ја коментираше денес и советникот за национална безбедност на САД, Џон Болтон кој порача дека Соединетите Американски Држави „нема да дозволат непријателско мешање во западната хемисфера“.

Болтон не ги спомена конкретно Русите за време на неговото обраќање, но сепак и повеќе од јасно е на кого мисли советникот за национална одбрана на САД.

„Исто така, нема да дозволиме надворешно мешање во нашите заеднички цели како што се демократијата, безбедноста и владеењето на правото“, порача Болтон.


Интересно е тоа што Болтон пред неколку дена порача дека Русија треба да соработува со меѓународната заедница и да го поддржи народот на Венецуела, за сега, откако Русите испратија свои војници во оваа јужноамериканска земја, советникот за национална безбедност на САД да го промени мислењето.

Тензиите на релација САД – Венецуела и натаму растат, а американскиот претседател Доналд Трамп, на неодамнешната заедничка прес-конференција со бразилскиот претседател порача дека се уште не е исклучена можноста за воена интервенција во Венецуела.


Главниот венецуелански опозиционер, Хуан Гуаидо деновиве изјави дека во тек се последните преговори со највисоките генерали во армијата на Венецуела, за нивно напуштање на Мадуро, односно почеток на превземањето на власта во Каракас од рацете на актуелниот претседател.

Во меѓувреме, Венецуела и натаму се соочува со недостаток на електрична енергија – во текот на вчерашниот ден поголеми делови од земјата и главниот град Каракас останаа во мрак, а покрај електрична енергија, граѓаните не можеа да користат ниту мобилна мрежа и интернет.



Спонзорирани линкови

Маркетинг