Фото: Story по втор пат ги собра македонските ѕвезди на едно место

Fashionel.mk

26/03/2019

11:53

5.526

Големина на фонт

а а а

Македонската јавна сцена вечерва се собра на второто доделување на „Story awards". По успешното прво издание минатата година, тимот на „Колор Медиа Груп" се потруди и ова издание да биде запаметено, а воедно со тоа да најави дека овој настан ќе прерасне во традиција.

Добредојде на присутните им посакаа актерите Силвија Стојановска и Горан Стојаноски, кои беа годинашни водители на манифестацијата насловена како „Ѕвездена вечер", а потоа и од челното лице на компанијата, Роберт Чобан, кој го изрази своето задоволство што „Стори" наградите имаат значење и што пред себе гледа многу убави и дотерани лица.

„Во ова време кога сме опркужени со многу неубави работи, да се потрудиме да гледаме напред, да се сакаме и да заборавиме на омразата. Да уживаме, а сигурен сум дека и сите присутни вечерва ќе уживаат. Однапред им честитам на сите наградени", изјави Чобан.


А потоа сцената им беше отстапена на најдобрите, според „Story". 

Првиот блок награди беше посветен на „Светот на Биби" како најдобар едукативен проект за деца, „Медена земја", филмот со интернационален успех, како и актерите Јелена Јованова и Васил Зафирчев кои беа прогласени за најдобри во изминатата година. 

Сабина Ајрула ја доби наградата за врвни актерски достигнувања, додека постхумно, наградата за култни достигнувања во македонската култура е за Горан Стефановски, на кој сите присутни во салата му оддадоа почит со громогласен аплауз. 


Награди беа доделени и по критериумот на општествената одговорност. Кристина Арнаудова и ДНК си заминаа со признание од „Стори" за нивниот придонес, помагање на социјално загрозените и маргинализирани личности и семејства. 

Меѓу наградените беше и секогаш уникатната и доминантна Лила Стојановска, која е прогласена за најпопуларна инфлуенсерка. Водителката за која многумина велат дека е македонската Џенифер Лопез, се појави во впечатлива креација со реси, на модната куќа „Елена Лука", изработена со рачно навезени мониста на ресите и повторно го украде вниманието на медиумите. Таа ја искористи приликата и да позборува за влијанието што го носи со себе Инстаграмот: 


„Она што го започнав како хоби, стана нешто повеќе. Но, сакам да упатам и порака до младите, бидејќи ние повозраснитесме тука за да им укажеме на некои работи. Социјалните мрежи треба да се позитивни, но повеќе се злоупотребуваатм отколку што се корисни. Сметам дека треба да има возрасна граница за тоа кој ги користи. Морате да имате професии, образование, култура, позитивно да го користите. Јас и да снема Инстаграм, пак ќе си бидам водителка, што ќе биде со другите? Инстаграмот не е живот!", изјави водителката. 


На сцената ги видовме и Влатко Лозаноски, параолимпијците, Сергеј Варошлија, Снежана Лупевска, Пере „Нокаут", а меѓу присутните и Владо Јаневски, Вера Мештеровиќ, Наташа Малинкова, Викторија Јаначковиќ, Драгана Левенска,  

Наградата за траен белег во македонската музика пак, отиде во рацете на Влатко Стефановски. 


„Колку повеќе примам награди што ми го хранат егото, толку повеќе имам потреба да излезам на пазар, да поразговарам со убави луѓе, да создавам музика. Ви благодарам", изјави Стефановски. 

За општествено највлијателна личност е прогласен Бојан Јовановски. Неговиот необичен стајлинг, кој подразбира наметка како од фолија, или како што самиот се пошегува, како да облекол „зиберка", привлече големо внимание, но тој во обраќањето објасни дека стајлингот има и повисока цел.. 


„Сите веројатно се прашувате зошто изгледам како Марсовец? Но, зад овој стајлинг има приказна. Се работи за едно од последните парчиња на модната куќа „Луј Витон", а со купување на истото, се придонесува за борбата против тероризмот', изјави Боки. 

За крај, наградата за личност на годината му припадна на кочанчанецот Киро Стојов, кој донираше бубрег за лице со кое не е роднински поврзан. 



Кога е модата во прашање, дрес-кодот требаше да биде елегантен, па на црвениот килим видовме различна интерпретација на елеганцијата. Оваа година беше во знакот на оделата и фустаните со изразени деколтеа и длабоки шлицеви. Црната како сигурен избор повторно беше доминантна, но за пофалба е што оваа година се внесе и колорит, па дел од Македонките покажаа одважност и смелост при изборот на облека, вклучвајќи во изгледот и по некој впечатлив детаљ, впечатлива боја или материјал. 

Кој се' носеше креации од модниот бренд „Елена Лука" погледнете ТУКА

Во продолжение погледнете ја целосната листа на сите наградени:

Едукативен проект за деца: Светот на Биби 

Интернационален успех: Медена земја 

Најактерка: Јелена Јованова 

Најактер: Васил Зафирчев 

Врвни актерски достигнувања: Сабина Арјула 

Култни достигнувања во македонската култура: Горан Стефановски 

Хумани и општествено одговорни јавни личности: ДНК 

Хумани и општествено одговорни јавни личности: Кристина Арнаудова, проект „Среќа" 

Најпопуларна инфлуенсерка: Лила Стојановска 

Општествено одговорни компании: Пелистерка, Халкбанка, Витаминка и Септима 

Врвни достигнувања во медицината Аџибадем систина целосна трансплантација на срце - Александар Николиќ 

Најдобра емисија: Ексклузив 

Најдобро ток шоу: Еден на еден 

Тв лице: Сергеј Варошлија 

Хуманитарен проект: Вип на еден ден 

Тв проект со најголем општествен придонес: На иста страна 

Тв камбек: Анета Кочишки 

Траен белег во печатените медиуми: Јадранка Костова, Фокус 

Истражувачки тв серијал: Снежана Лупевска, Код 

Телевизиски достигнувања: 1тв 

Најдобра спортска екипа: Вардар 

Врвни спортски достигнувања: Горан Пандев 

Најдобра спортска екипа: Параолимпијците 

Најдобар бенд: Дупер 

Најдобра рок извесувачка: Дани Димитровска 

Најдобар видео спот: Тамара Тодевска 

Најдобар албум: Влатко Лозаноски 

Врвни музички достигнувања: Пере Нокаут

Траен белег во македонската музика: Влатко Стефановски 

Општествено влијателна личност: Бојан Јовановски 

Личност на годината: Киро Стојов