Глумицата ја нападнале поради провокативниот изглед, а таа им возвратила со едноставен одговор

Точка

25/03/2019

21:11

6.461

Големина на фонт

а а а

Глумицата Натали Моралес им одговори на гледачите кои се фокусирале на нејзиното прилично провокативно издание за време на гостувањето во Late Night Show кај Сет Мејерс.

ТВ ѕвездата во текот на викендот гостуваше во шоуто на Сет Мејерс, каде ја промовираше својата нова серија Abby, а за таа пригода облекла деколтиран аутфит. 

И додека водителот не ја искоментира нејзината облека, бројните гледачи на социјалните мрежи ја забележаа. Во коментарите под Јутјуб видеото од нејзиното гостување, корисниците најмногу се фокусирале на изгледот на глумицата.


"Како тој успеа да одржи контакт очи в очи, немам поим", беше еден од коментарите, а исто така многумина го пофалија водителот за задржувањето на концентрацијата.

##https://twitter.com/linda3_4/status/1108748369747496961##

"Јас сум жена, па не можев да престанам да гледам. Ви благодарам госпоѓо Моралес, му должите извинување на Сет кој мораше да помине низ тоа", "Боже мој, Сет веројатно тренира за Џедај", беа уште неколку коментари.

Секако, тоа не помина незабележано од глумицата кој им испрати на сите едноставна порака: "Најдете си живот".

##https://twitter.com/nataliemorales/status/1109591545378996224##

Помеѓу рекациите се истакна и твитот на глумецот од ТВ серијата Arrow, Стивен Амела на кој Моралес мораше да потврди дека нејзиниот пријател се шегувал.



Спонзорирани линкови

Маркетинг