Чудо во САД: Пожар двапати „проголтал“ цркви - само Библијата стара 150 години останала недопрена!

Точка

25/03/2019

20:49

3.357

Големина на фонт

а а а

150-годишната Библија, која преживеала два пожари во цркви во САД, сега им служи како симбол за сила и истрајност на членовите на црквите во Вашингтон.

„Тоа е голем доказ за нашата вера, која стои цврсто дури и насред оган“, рекол пасторот Тим Обрајен.

Пожарникарите успеале да ја спасат Библијата, која била изложена во стаклена кутија за време на избивањето на пожарот, рекла Ивона Којнаки, директорката на управите и мисиите за „The Springs“. Библијата исто така го преживеала пожарот во поранешната методистичка црква, Св. Павле, во центарот на Стивемс Поинт, која изгорела во средината на 1900-те години, рекол Обрајен.

Повеќе од 50 луѓе се собрале во вторникот попладне на паркингот на изгорената црква. Верниците се сетиле на неделните служби, венчавки, крштевки, младинските групи и проект услугите кои се случиле внатре во црквата, која е изградена во 1964-та година, според историското општество во областа на Портаге.

Обрајен, кој е пастор во Спрингс во Сент Пол во последните осум месеци, рекол дека целиот настан бил по малку шокантен.




Спонзорирани линкови

Маркетинг