"Ако идниот научен експеримент тргне на лошо, луѓето сами ќе се истребат"

Точка

25/03/2019

16:08

1.767

Големина на фонт

а а а

Идниот научен експеримент би можел да има катастрофални последици и да "предизвика крај на светот", предупредува Џош Кларк, водител на научниот подкаст "Stuff You Should Know".

Гостувајќи во подкастот "Think Again" поранешниот студент по антрополигија и автор изразил страв дека луѓето во име на науката би можеле да влезат во ризик кој би можел да има поразителни последици. 

"Постои идеја меѓу научниците дека никогаш не можат да отидат предалеку, а тоа е опасно", вели тој.


"Првата нуклеарна детонација е сметана за егзистенцијален ризик затоа што не знаевме што ќе се случи. Ја развиваме технологијата, која, ако ја поврзете со уверувањето дека "се ќе успее", доведува до тоа еден ден да се разнесеме самите себе. Притоа не мислам дека ќе умрат неколку луѓе - ако само една работа тргне на лошо, нема да имаме втора шанса и човештвото ќе биде доведено до уништување", вели тој. 

Кларк потоа објаснил дека луѓето се создадени да учат на сопствените грешки.

"Проблемот со егзистенцијалните ризици е во тоа што не добиваме втора шанса. Тоа е голем проблем за нас, бидејќи, на пример, учиме да не јадеме отровни печурки така што некој од нас ќе ги јаде и ќе умре", вели Кларк.

"Останатите во групата тогаш велат: "Добро, ќе ги избегнуваме" и го пренесуваат тоа знаење на другите".

Кларк вели дека секој пат останувале доволно луѓе за продолжување на видот, но дека не можеме да си дозволиме да продолжиме така.

## https://twitter.com/bigthink/status/1106595398221733888##

"Егзистенцијалните ризици се специфични затоа што не се вклопуваат во таков модел", вели тој.

Кларк смета дека треба да ги согледаме пред да се случат, бидејќи во спротивно можеби повеќе нема да има луѓе кои ќе учат од грешките.

"Нема повеќе табли за цртање, бидејќи се ќе се претвори во прашина, или повеќе нема да има луѓе да цртаат на нив. Тоа ќе има глобален ефект, со кој ќе бидат опфатени сите видови", вели Кларк.



Спонзорирани линкови

Маркетинг