Контроверзниот Кирјос со уникатен сервис му одзеде поен на Лајовиќ

Дерби

25/03/2019

12:55

1.509

Големина на фонт

а а а

Контроверзниот австралиски тенисер, Ник Кирјос без поголеми проблеми со 2:0 по сетови (6:3, 6:1) го совлада Душан Лајовиќ и се пласираше во следната рунда на Мастерсот во Мајами.

Кирјос и на оваа средба влезе во клинч со публиката откако директно се расправаше со еден српски поддржувач на Лајовиќ.

Она што ќе остане запаметено од овој дуел е и одличниот поен кој го доби Кирјос при негов сет. Тој сосема неочекувано „од земја“ сервираше и успеа да му земе поен на 44-ти светски тенисер во моментов.



Спонзорирани линкови

Маркетинг