Ѝ пресуди големата трагедија: Девојка која го преживеа масакрот на Флорида изврши самоубиство

Точка

24/03/2019

14:57

9.458

Големина на фонт

а а а

Сидни Ајело, девојка која го преживеала масакрот на Денот на вљубените во 2018-та година во средното училиште Паркленд на Флорида, минатата седмица го одзела животот, пренесува „СиЕнЕн“.

Нејзината мајка Кара за американските медиуми изјавила дека Сидни патела и чувствувала вина, после еден од најкрвавите напади во модерната американска историја кога на Флорида беа убиени 17 лица.

На девојката после нападот и бил дијагностицирано и пост-трауматско пореметување. Таа за време на нападот била во близина на училиштето, открива нејзината мајка.


Сидни матурирала неколку месеци откако тогаш 19-годишниот Николас Круз уби 14 ученици и тројца професори.



Спонзорирани линкови

Маркетинг