Отворена е истрага: Нокиа шпионира за кинеската влада?

Точка

24/03/2019

13:36

1.994

Големина на фонт

а а а

HMD Global, кинеска компанија која ги има правата на финскиот бенд Нокиа е под истрага поради извештаите дека некои од нивните модели на паметни телефони испраќале податоци на сервери во Кина.

Истрагата беше отворена откако “NRK”, норвешката национална телевизија, тврдеше дека поседува докази дека Нокиа телефоните испраќаат доверливи податоци во Кина.

Хенрик Аустад, човек кој го дојавил случајот, открил дека го следел сообраќајот од неговиот “Nokia 7 Plus” телефон и открил дека самиот телефон испраќа информации на кинески сервер кои не се енкриптирани. Податоците вклучувале број на SIM картичката, сериски број на телефонот и локација.

Подоцна било откриено дека тие податоци телефонот ги испраќал до сервер со домен vnet.cn за кој норвешкиот медиум тврди дека е во сопственост на компанијата China Telecom, државна компанија која што практично е контролирана од кинеските власти.


Финскиот омбудсман за заштита на приватни податоци, Реијо Арнио изјави дека истрагата сега ќе утврдува дали дошло до прекршување на личните податоци и дали за тоа Нокиа може да даде правно оправдување. Првичната истрага покажала дека тоа веројатно било наменето за кинеската верзија на “Nokia 7 Plus”, а не за глобалната верзија на паметниот телефон.

Ова било соопштено и од страна на HMD Global за финскиот весник “Helsingin Sanomat”.

Од компанијата соопштиле дека собирањето на податоците било направено поради грешка во кодирањето со „активацискиот пакет“ кој бил случајно вклучен во firmware на некои од нивните телефони.

Тие порачале дека само еден број на “Nokia 7 Plus” уредите го имале овој пакет. Од HMD Global соопштиле дека проблемот бил решен со ажурирање на firmware кој бил испратен до корисниците во јануари и најголемиот дел од нив веќе го инсталирале.

Како и да е, истрагата на финските власти и натаму е во тек и би можела да потрае уште неколку седмици.



Спонзорирани линкови

Маркетинг