Азар се огласи по најавите дека постигнал договор со Реал Мадрид

Дерби

24/03/2019

13:18

1.723

Големина на фонт

а а а

Во претходните неколку денови во јавноста излегоа шпекулации дека Еден Азар се договорил со тимот на Реал Мадрид и дека сега останува само „кралевите“ да ја договорат оштетата со тимот на Челси.

Најавите говореа дека Азар лично разговарал со новиот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан кој го убедил да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“.

Јасно е дека Белгиецот ќе биде трансфер цел број еден на Зинедин Зидан, но дека засега нема ништо конкретно потврди и самиот фудбалер.

– Нема ништо точно во тие вести. Сега сум фокусиран сам она натпреварот со Кипар, тоа е се на што мислам во моментов, -истакна Азар.

„Скај Спортс“ пренесе дека од Челси без никакво размислување ја одбиле понудата од Реал Мадрид во висина од само 60 милиони фунти која била испратена на почетокот на овој месец.



Спонзорирани линкови

Маркетинг