Ким го измамил целиот свет: Неговиот возен парк брои околу 300 луксузни лимузини и поскап е од тие на Путин и Трамп заедно

Точка

23/03/2019

12:19

4.605

Големина на фонт

а а а

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, и покрај санкциите на ОН кои и забрануваат на Северна Кореја продажба на луксузни производи, очигледно нема проблем да набави екстравагантна колекција од автомобили

"Листата од специјално прилагодени оклопни лимузини од европско и американско производство на Ким е се подолга и тоа е очигледен пример за кршење на санкциите. Ким со своите возила буквално парадира на самитите во странство, дипломатските средби и други официјални случувања во Сингапур, Пјонгјанг...", изјавил Хју Грифитс, кој ги надгледува санкциите на Северна Кореја. 

Во извештајот на ОН се наведува дека во тек е истрага за севернокорејското купување на луксузни автомобили "Ролс Ројс", "Мерцедес Бенз" и "Лексус". Панелот на ОН исто така укажал и на незаконски извоз од Северна Кореја за кој се користат анонимни бродски контејнери кои се пренасочуваат на други дестинации од наведените.

"Ова навистина е голем ризик. Ако Северна Кореја е способна да пренасочи толку големи предмети, и покрај тоа што резолуцијата за санкциите на Советот за безбедност вели дека сиот товар кој влегува во таа земја мора да биде прегледан, тогаш таа ќе има помалку проблеми да внесе помали, но клучни работи за потребите на нејзиниот нуклеарен програм", истакнува Грифитс.

Минатиот октомври Ким со својот нов црн "Ролс Ројс" е појавил на состанокот со американскиот државен секретар Мајк Помпео во Пјонгјанг.

Како тој автомобил дошол во Пјонгјанг не е јасно. Претходно Ким бил виден во лимузина "Мерцедес Мајбах 600 Пулман Гард" чија вредност се проценува на повеќе од 1,5 милиони долари. Тука е и "Лексус LX570", со кој севернокорејската делегација одела на самитот со Јужн Кореја.

Се проценува дека севернокорејскиот лидер во специјалните гаражи има меѓу 100-300 луксузни лимузини. Некои биле купени од неговите татко и дедо, а сите тројца имале свои фаворити меѓу возилата, вели Донг Јон-Ким, експерт за меѓународна и деловна безбедност.

Дедото Ким Ил Сунг бил љубител на "Линколн" и "Кадилак". Донг вели дека во 2010-та година, пред смртта на Ким Јонг Ил, специјален контејнер со "Аудија" и "Мерцедеси" вредни повеќе од три милиони долари влегол во Северна Кореја од Кина.

Не е познато дали Ким знае да возел автомобил, иако децата во Северна Кореја учат дека тој возел од својата трета година.




Спонзорирани линкови

Маркетинг