Трагичен крај на потрагата: Извлечено мртвото тело на момче од Вардар

Нетпрес

23/03/2019

12:18

3.474

Големина на фонт

а а а

Утрово околу 10 часот од водите на Вардар, на потегот меѓу гостиварските села Форино и Чегране пронајдено е и извлечено телото на машкото лице, за кое вчера попладне беше пријавено дека било забележано во реката, дознава Гостиварпрес.мк.

На местото кадешто е пронајдено се врши увид од Јавен обвинител и полициски екипи.

Телото е предадено на обдукција, ќе се утврдува идентитетот, дали врз него има траги на насилство и други детали. Неофицијално, станува збор за 18 годишно момче од Гостивар.

Случајот беше пријавен вчера околу 16 часот од жител на гостиварско Мало Турчане, кој го забележал телото во Вардар близу селото, се обидел да го извлече, но не успеал.

Веднаш потоа, полицијата и противпожарната единица започнаа потрага, која беше прекината ноќеска и продолжи утрово, кога и беше пронајдено телото.

Полицијата го откри идентитетот на момчето што се удави во Вардар

Утврден е идентитетот на младиот гостиварец чие безживотно тело утрово околу 10 часот, беше извлечено од водите на Вардар, меѓу селата Форино и Чегране.

Според информациите од СВР Тетово, станува збор за Ј.М. (20).

Полицијата информира дека откако неговото тело било извлечено од реката, лекар ја констатирал смртта, а првично не биле констатирани траги на насилство.



Спонзорирани линкови

Маркетинг