8-годишно дете со семејството побегнало од исламистите: Две години живеел како бездомник, а сега станал шампион во шах

Точка

22/03/2019

21:30

3.085

Големина на фонт

а а а

8-годишниот Тани, како што го нарекуваат семејството и пријателите, пред една година го засакал шахот, поточно кога почнал да посетува основно училиште во Њујорк.

Танитолува Адевуми, 8-годишно момче со потекло од Нигерија, го освоил првенството на државата Њујорк во шах во категорија која опфаќа деца на возраст до трето одделение во основно училиште. 

Оваа вест не би била посебно интересна ако зад неа не се крие една неверојатна приказна.

Имено, Танитолува од 2017-та година живеел во Нигерија. Смртта била насекаде околу него. Неговото семејство поради Боко Харам морало да ја напушти својата земја. Милитантите на оваа исламистичка група убивале невини цивили во селото каде живеел Тани, па морале да побегнат за да ги сочуваат своите животи.

Успеале да дојдат до Њујорк, каде веќе 2 години живеат како бездомници. Секој ден чекаат вести за својата молба за азил во САД.

8-годишниот Тани, како што го нарекуваат пријателите и семејството, пред една година го засакал шахот, поточно кога почнал да посетува основно училиште во Њујорк. Тоа го прави неговиот успех уште поголем.

Детето прв пат се сретнало со шаховска табла пред една година и успеало да триумфира на државното првенство. Ги надмудрил богатите деца од приватните училишта кои со години работеле со своите приватни инструктори.

Малку недостасувало Тани да не добие можност да се натпреварува. Членството во шаховскиот клуб се плаќа, па мајката морала да напише молба за да го примат. Напишала дека нејзиниот син многу сака шах, но едноставно немаат пари за членарина и котизација. За среќа, во училиштето имале слух, го ослободиле од плаќање и добиле шампион.

Тани обожува шах, Почнал да посетува бесплатни тричасовни лекции секоја сабота во Харлем.

"Сакам да станам најмлад велемајстор во историјата", рекло за New York Times ова симпатично момче.

Неговиот тренер Рус Макофски е свесен дека во рацете има небрусен дијамант, па започнал кампања за да им помогне на Тани и неговото семејство. Од зацртаните 25.000 долари, собрале половина.

"За само една година дојде на ова ниво, да се искачи на шаховскиот врв и да биде најдобар од најдобрите и тоа без финансиска помош од семејството... Јас тоа во животот никогаш не сум го видел", вели Макофски.



Спонзорирани линкови

Маркетинг